Известување: Воведување на НКТС 6 - Opt Out
Се информираат економските оператори дека Царинската управа започнува со двофазно воведување на НКТС 6 почнувајќи од 01 јуни 2026 год. кога ќе ја воведе НКТС 6 Opt Out верзијата а подоцна ќе работи на воведување и на НКТС 6 Opt In.
НКТС 6 Opt Out претставува надградба на постојниот систем и негово усогласување со најновите европски стандарди согласно Царинскиот законик на ЕУ - UCC и Конвенцијата за заеднички транзит. Со новата верзија се воведуваат подобрени структури на податоци, дополнителни контроли и унапредена електронска размена на информации, со цел поголема ефикасност и сигурност во транзитните постапки.
|
Карактеристика
|
NCTS 6 Opt-out
|
|
Број на декларации
|
Две (Транзит + ENS во ICS2)
|
|
Порака IE015
|
Поедноставна (без ENS податоци)
|
|
Поврзување со ICS2
|
Нема директна врска во NCTS
|
|
Код за безбедност (ENS)
|
Само 0 или 2
|
Се препорачува сите економски оператори да се запознаат со новите барања и измени во податоците, да ги прилагодат своите ИТ системи и навремено да започнат со тестирање и имплементација.
Техничките спецификации и xsd шемите со измените кои треба да се имплементираат до 31.05.2026 а се однесуваат на НКТС 6 Opt out верзијатa која ќе биде во функција заполнувајчи од 01.06.2026 год.
/content/XSD-opt-out-6.4.1.zip
/content/MK-UCC.NCTSp6.4.1.Message Structures_v1.00.docx
/content/MK-UCC.NCTSp6.4.1.Message Exchanges_v1.00.docx
/content/MK-UCC.NCTSp6.4.1.Code Lists_v1.00.docx
/content/MK-UCC.NCTSp6.4.1.Business Rules_v1.00.docx
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Во врска со дополнување од бизнис аспект со новите функционалности во Opt. Out за НКТС 6
(ЗА ТРЕЈДЕРИ)
Во НКТС 5 имаше можност во полето Security да се користат:
Во NCTS 6 Opt-Out тие кодови повеќе не се дозволени.
Сега остануваат:
- 0 = без ENS податоци во транзитната декларација
- 2 = само EXS (излезна безбедносна декларација)
Практично ENS се поднесува одделно во ICS2 додека во НКТС 6 Opt Out декларацијата повеќе НЕ носи ENS data
(ЗА ТРЕЈДЕРИ)
IE117 = Presentation Notification at Office of Transit
Ова е нова функционалност за трејдерот.
Кога камионот стигнува на транзитна испостава (Office of Transit), трејдерот/превозникот може да испрати:
- известување дека стоката физички ќе пристигне на граница во транзитната испостава. Слично како pre-lodgement на ИЕ015 порака во појдовна испостава.
Накратко, транзитната испостава добива најава од страна на трејдерот и може да направи безбедносни проверки и да одлучи дали транзитот односно движењето смее да продолжи.
Доколку царинскиот службеник одлучи дека движењето не смее да продолжи, тогаш го одбива транзитот на 'Deny Transit Passage' и генерира порака IE119.
(ЗА ЦАРИНИЦИ)
IE119 = Rejection Crossing Frontier
Ова е порака меѓу царински системи и во тој случај појдовната испостава е известена дека движењето е стопирано. Во спротивно, доколку цариникот одлучи да продолжи транзитот, во тој случај останува да ја внесе истата порака IE118 односно ‘Известување за преминување граница’